Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) секој четврток ја ажурира корона-картата. Според најновата мапа, Шпанија, Португалија и Грција, остануваат во голема мера во црвено. Општо земено, западна Европа е претежно црвена, централна Европа е портокалова, додека источна ЕУ е во голема мера е во зелена. Што се однесува до Хрватска, Јадранот и Загреб и централна Хрватска се во портокалова боја. Славонија е целосно зелена.
Епидемиолошката карта на ЕЦДЦ за Европа се објавува секоја недела врз основа на инциденцата од 14 дена и процентот на позитивни тестови во вкупниот број тестирани.
Зелената боја на мапата на ЕЦДЦ укажува на региони во кои стапката на инфекција од 14 дена на 100 илјади жители е помала од 50, учеството на позитивните за Ковид-19 од тестираните е помало од четири проценти или инциденцата од 14 дена е помала од 75, а учеството позитивно помалку од еден процент.
Црвената боја значи 14-дневна стапка од 75-200, со позитивна стапка поголема од 4 проценти и 14-дневна стапка на заразени од 200 до 500, а темно црвената боја опфаќа области каде што стапката на 14 дена е поголема од 500.