Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју на една од нашите тв куќи зборуваше за новиот клинички центар кој досега требаше да биде изграден во земјава. Тој посочи дека министерот Филипче летово потпишал два тендери со две веледрогерии во фантастична вредност од 30 милиони евра, што говори за грабежот во здравството, а за споредба во Србија за истите пари се направи цел Клинички центар.
– Во интерес на јавноста, на 30.07.2021 година и вториот договор е на 10.08.2021 година пред месец и половина со две веледрогерии добро познати на јавноста, двете многу блиски до СДСМ потпишува тендери во вкупна вредност од фантастични 30 милиони евра, и тоа во текот на летото кога луѓето беа сите по одмори, потпишува вакви два тендери од коишто едниот со вкупна вредност од 1 милијарда и 330 милиони денари или околу 21 милиони и петстотини илјади евра, тука се потписите на Филипче и веледрогеријата и вториот тендер кој е во вредност од 584 милиони денари или 9 и пол милиони евра, потенцираше Николоски.
Николоски истакна дека само овие два тендери се доволен доказ за грабежот кој му се случува на македонското здравство и тоа во услови на корона криза и во услови кога овие кои се болни самите си ги купуваат лековите, а граѓаните трошат илјадници евра по приватните болници, а оние кои немаат мораат да бидат хоспитализирани во модуларни болници кои се несоодветни и кои горат за две минути, затоа што фирмата на Кочо Анѓушев, поранешниот вицепремиер ги направила несоодветни, појасни Николоски.