Состојбата со коронавирусот во земјите од Балканот и понатаму е критична. Според известувањата од регионалните медиуми, најкритично во моментов е во Србија каде се забележуваат голем број пациенти кои се наоѓаат на лекување во инфективните клиники. Повеќето од нив имаат симптоми на стомачен вирус, а подоцна излегуваат и инфицирани со ковид-19. Инфекциите во најголем број се предизвикани од делта сојот на вирусот.
Во меѓувреме, ништо поразлична не и здравствената слика и во другите земји од регионот. Рестрикции поради коронавирусот се во сила во грчките региони Солун, Халкидики, Кукуш и Лариса, бидејќи беа прогласени за „црвени“ области на грчката карта за процена на ризикот од ковид-19, пишуваат грчките медиуми. Генералниот секретаријат за цивилна заштита објави дека од 1 октомври до 8 октомври, жителите во четирите региони ќе бидат обврзани да ги следат итните ограничувања, кои вклучуваат полициски час во текот на ноќта и 24-часовна музичка забрана, во напорите да се спречи ширењето на коронавирусот.
Рекорди со инфекции бележат и другите земји, Бугарија, Црна, Гора и Албанија. Во исто време додека Романија го запиша рекордот на заразени и починати од коронавирусот викендов, илјадници луѓе протестираа во Букурешт, по повик од екстремната десница против „задолжителната вакцинација“.