Според последните податоци кои ги објави Министерството за здравство, за периодот од 6 август до 21 октомври во државава вакцинирани се над 800 000 граѓани. 767 800 се ревакцинирани, а над пет илјади граѓани примиле трета анти ковид доза на вакцината против ковид-19.

– Од популацијата над 40-годишна возраст ревакцинирани се 54 %, а 33 % од лицата од 18 до 39 години примиле најмалку една доза вакцина, велат од МЗ. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 %, а со две дози опфатени се 46 % од граѓаните над 18 години, информираа вчера од Министерство за здравство.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 % од целата популација во нашата земја е вакцинирано, а 35 % од жителите примиле две дози вакцина.

Анализите на Министерството за здравство во однос на позитивните случаи на Ковид-19 и граѓаните кој се вакцинирани покажуваат дека од 6 август до 21 октомври годинава, позитивни на Ковид-19 биле 42 945 граѓани, од нив 26 % биле целосно вакцинирани, односно 11 253 лица. Оттаму посочуваат дека голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид -19 во наведениот период.

Имајќи ги во предвид овие податоци од Министерството за здравство апелираат до граѓаните да се вакцинираат се единствена цел дека само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 199 057, на оздравени пациенти 185 931, на починати 7 019, а на активни случаи изнесува 6 107.