Половина од граѓаните на Македонија се пушачи. Пуши и секој трет тинејџер – ова се статистиките на Институтот за јавно здравје.

Според најновото истражување, пушат 46 отсто од населението на возраст од 15 до 64 години. Со тоа, Македонија се наоѓа на врвот во Европа по пушење цигари. Просечниот пушач во Македонија пуши кутија дневно што чини околу 100 денари. Тоа значи дека Македонецот во текот на неговиот животен век троши пари за цигари колку за еден стан.

Докторите предупредуваат дека пушачите до четири пати повеќе страдаат од срцев или мозочен удар, болести од кои во Македонија годишно умираат 11.000 лица.

Ризиците врз здравјето не се доволен мотив за граѓаните да се откажат од цигарите. Во Македонија има неколку центри за одвикнување, меѓутоа, граѓаните на нашата земја немаат навика да посетуваат вакви установи.