Топлото чоколадо е на многумина омилениот пијалок во зима. Тоа освен што е вкусно, кога е направено од какао, без премногу шеќер, може да има и низа здравствени бенефити за нас.

Ги подобрува менталните способности

Какаото и млекото имаат својство да ги подобрат менталните способности. Флавонидите обезбедуваат поголем проток на кислород, а со тоа и подобро размислувате.

Содржи антиоксиданси

Топлото чоколадо има повеќе антиоксиданси споредено со зелениот чај, на пример. Поради термичката обработка, тие се ослободуваат во поголема количина отколку кога јадете само црно чоколадо.

Порасположени сте

Доволно е само да го помирисате топлото чоколадо и веќе во следната секунда вашето тело зголемено да го лачи хормонот на среќа. Единствено мора да внимавате да го консумирате со што помалку шеќер или ако можете, без воопшто да додавате.

Поздрав крвоток

Само две шолји топло чоколадо на ден се доволни за да го подобрите крвниот притисок. Секако, и во овој случај треба да внимавате да не претерувате со додавање шеќер или да го консумирате без шеќер.

Помага за слабеење

Топлото чоколадо кое е направено од квалитетно какао, засладено сосема малку, со додаток на зимски зачини, може да ви помогне да ја подобрите работата на цревата и побрзо да се ослободите од насобраните остатоци од храна.