Српскиот епидемиолог, Бранислав Тиодоровиќ, кој е член на Кризниот штаб во Србија изјави дека уште во јуни зборувале дека во текот на есенските и зимските месеци се можни две сценарија.
– Уште тогаш разговаравме дека мора да се зголеми опфатноста вакцинацијата, да се почитуваат мерките повеќе… Ништо од тоа не се случи. Остануваме со сценариото на природен процес, што значи дека сите ќе бидат заразени. Овој процес ќе трае додека сите не ја прележат болеста, а дел од случаите ќе завршат фатално. Најпогодени ќе бидат невакцинираните. Тоа се одвива според некое епидемиолошко правило „додека има запаллив материјал, гори“, што е најлошото можно решение – истакнува Тиодоровиќ.
Тој вели дека не е голем оптимист со оглед на тоа како се развива состојбата со епидемијата.
– Ова е прв пат јас, кој гледам се како оптимист, да кажам нешто такво. Мораме да разбереме дека бројот на смртни случаи е страшен и исклучително голем. Мислам дека нема повеќе луѓе кои немаат некој во околината што не е заразен. Мислам дека само сериозноста во спроведувањето на мерките може да доведе до враќање на животот барем донекаде во нормала – посочува Тиодоровиќ.