Направени се 3.597 тестирање, а регистрирани се 656 нови случаи на КОВИД-19- Скопје – 257, Битола – 38, Куманово – 34, Прилеп – 31, Штип – 30, Кавадарци – 27, Тетово – 26, Велес – 24, Кочани – 23, Охрид и Крива Паланка – по 18, Струмица, Неготино и Делчево – по 13, Гевгелија – 12, Кратово – 11, Радовиш – 10, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по 8, Струга – 6, Кичево, Свети Николе, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Берово, Виница, Богданци и Демир Капија – по 3, информираат од Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа.

Регистрирани се 273 оздравени пациент од: Скопје – 153, Куманово – 20, Кочани – 16, Прилеп – 14, Кавадараци – 12, Велес – 10, Битола, Штип и Крива Паланка – по 6, Тетово и Неготино – по 4, Делчево – 3, Струмица, Струга, Гевгелија, Радовиш, Виница, Пробиштип и Крушево – по 2, Гостивар, Охрид, Ресен, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (67г, 76г, 80г и 86г), 2 починати лица од Куманово (65г и 70г) и по едно починато лице од Гевгелија (71г), Кавадарци (84г), Охрид (76г), Прилеп (71г), Радовиш (70г), Свети Николе (83г) и Штип (74г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени осум починати лица со датум на смрт од 31.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Прилеп (1), Охрид (1), Кавадарци (1) и Велес (1) на возраст од 49 до 89 години, од кои 2 се починати во домашни услови и 6 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.415.992 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.566, бројот на оздравени пациенти е 191.922, на починати е 7.276, а бројот на активни случаи изнесува 8.368.