Ковид центарот на Клиниката за Кожни болести од денеска е ставен во функција

Ковид центарот на Клиниката за кожни болести од денеска е ставен во функција и примени се првите пациенти со компликации од КОВИД-19. Во текот на утрешниот ден ќе биде отворен…

Ковид центарот на Клиниката за кожни болести од денеска е ставен во функција и примени се првите пациенти со компликации од КОВИД-19.

Во текот на утрешниот ден ќе биде отворен и ковид центарот на Клиниката за неврологија, информираа за медиумите од Министерството за здравство.

Во врска со бројот на хоспитализирани од Министерството посочија дека согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид – центрите, во изминатите 24 часа вкупно се хоспитализирани 579 лица.

Од нив 177 лица се хоспитализирани во Скопје (на Инфективната клиника – 79, во ГОБ 8 Септември – 67, на Институтот за ТБЦ – 31), а 402 лица во останатите градови.


Related Articles