Во Европа расте оптимизмот дека се ближи крај на пандемијата со Ковид-19

Во Европа се повеќе расте оптимизмот дека се ближи крајот на пандемијата со Ковид-19, поради што се повеќе држави ги укинуваат речиси сите епидемиолошки мерки, но експертите апелираат за внимателност….

Во Европа се повеќе расте оптимизмот дека се ближи крајот на пандемијата со Ковид-19, поради што се повеќе држави ги укинуваат речиси сите епидемиолошки мерки, но експертите апелираат за внимателност.

Појавата на сојот Омикрон кон крајот на минатата година, што е позаразен, но помалку опасен, за многумина е индикатор за крај на панедмијата. Бројот на заразени сè уште е голем, но има помалку хоспитализирани, а се намалува и бројот на починати. Тоа првично тоа е случај во државите каде поголемиот дел од населението е вакцинирано против Ковид-19.

Речиси сите епидемиолошки мерки се укинати во Велика Британија, во Франција, во Данска, во Норвешка и во Шведска.

Причина за оптимизам е и што поединечни фармацевтски компании произведоа таблети против Ковид-19. Но, експертите потенцираат дека сè уште треба да се биде внимателен, бидејќи сојот Омикрон предизвика смрт на голем број луѓе, пред сè кај невакцинираните.


Related Articles