Колабирања, инфаркти, мозочни удари.Високите температури ги зовреа телефоните во брзата помош. За само 24 часа, дури 100 интервенции имале лекарите во итната медицинска служба.
Температурните разлики повторно удираат врз здравјето на граѓаните. Поради промената на времето терапијата недоволна за регулирање на крвниот притисок. Брзата помош за 24 часа со околу 100 интервенции. Мозочни удари, колабирани граѓани, најчесто така страда населението. Главоболките, втоглавицата, речиси и неизбежливи. Свој удел во здравјето имаат и алергиите.
- Алергиите се зачестени секоја пролет, некои се алергични на полен, некои се алергични, во Скопје има има доста липа, па така, кога ќе расцветаат липите. Таа терапија е секојдневна, се препорачува лоратадин таблетки, колку што може да се избегнуваат алергените, изјави доктор Марина Салтировска од Брзата помош.
Дел од Македонија денеска во жолта алертна фаза за невреме. Планините најпогодени.
- Попладнево на повеќе места е нестабилно, во западните делови, како и северните делови, повторно е зафатен полошкиот регион, битолскиот, кичевскиот регион и во северните делови, регионот на Куманово и оваа облачна маса се спушташе кон Свети Николе. Речиси на сите овие региони имаме пороен дожд со грмежи и со засилен ветер, изјави Лена Јованова од УХМР.
Утре се очекува нестабилно време, како во скопксиот, така и во дригите региони низ земјава. Дождливото време ќе се задржи до вторник, од среда УХМР најавува стабилизирано топло време.
Поради промените на температурите, лекарите препорачуваат повеќе течности и ватаминска храна, намсето мрсна. Особено да внимаваат хронично болните и терапијата да ја земаат редовно.