Професионалните заболувања и понатаму се табу тема во Македонија. Годишно се регистрираат 25 до 30 случаи на професионални заболувања, но листата е поголема. Според Институтот за медицина на трудот, работниците ја кријат болеста поради страв од губење на работното место.
Имер Хајредини работел 33 години во скопската кожара. Вели дека многумина од неговите колеги се соочиле со сериозни здравствени проблеми, а некои од нив поради тоа не успеале ни да стигнат до пензија.
“Повеќето од работниците не можат да се соочат со тоа, многу од нив доаѓаат и ја напуштаат работата, бидејќи е премногу тешка. Особено оние кои биле на киселина и вар, на тие им било потешко. Секако, со белите дробови повеќе имале проблеми, бидејќи хемикалиите биле силни, иако даваа млеко и добра храна, но повторно е тешко, таму требаше да се работи по 8 часа.
Од Институтот за медицина на трудот во Скопје објаснуваат дека како професионални заболувања се регистрирани : професионална астма, штетата предизвикана од бучава, бруцелоза, туберкулоза, силикоза, хронично труење од олово и синдром на карпален тунел.
Во меѓувреме, во Македонија како најопасни професии продолжуваат да бидат: градежништво, земјоделство, црна металургија, а неодамна и некои технолошки професии.