Доктор Снежана Тренчева на својот фејсбук профил советува дека носот е домот на бактериите и дека растечен нос не значи болно дете. Таа објаснува дека дури и кога бактерија е изолирана на брисот од нос не треба да се лекува со антибиотици.
Во продолжение пренесуваме дел од нејзината објава:
– Бактериите не се причина за течење на носот, но „имаат право“ да се најдат во носот кој тече. Но дали носот може да биде дом за бактерии ? – ДА! – носот, тоа и е ! Во носот живеат бактерии на кои им е таму местото. Стручно се нарекуваат сапрофити( кожители или т.н потстанари на нашето тело), а во брисот се гледаат како физиолошка флора.
Што да правите со другите бактерии кои ќе се најдат во нос ? – кај децата на предучилишна и училишна возраст од време на време се изолираат бактерии во носот. Прво тоа била стафилокока (staph. aureus) , а по еден месец Moraxella catharalis. Детето често има затнат нос или му е растечен носот… но без температура , весело е и има добар апетит.
Но дали е потребно лекување на овие бактерии? Тоа е една дилема која не треба да постои, затоа што бактериите во носот, кај инаку здраво дете не се причина за растечен нос. Дури и кога бактеријата е изолирана на брисот од носот , НЕ ТРЕБА да се лекува. Дете со позитивен брис од нос не е извор на инфекција, и тоа не треба да биде пречка за одењето во колектив. Децата кои немаат висока температура , не кашлаат и ИМААТ бактерии во носот – НЕ ТРЕБА да се лекуваат со антибиотици.
Мораксела е една од бактериите кои можат да живеат во носот , и да не предизвикуваат никакво вознемирување на детето.(75% од децата се носители на овие бактерии)- но доколку се појави воспалени на уво , бронхитис, или други инфекции , во тој случај детето има многу јасно проблеми, кои немаат врска со моракселата во носот! Секако во тој случај се дава антибиотик, но не поради бактериите кои се пронајдени во носот, туку поради болестите кои треба да се лекуваат.