Родителите често пати се соочуваат со ситуацијата кога децата плачат, но исто така често не можат да ја утврдат причината за тоа. Важно е да се разбере своето дете и неговиот начин на комуникација. На тој начин ќе си ја олесните целокупната ситуација и ќе го намалите стресот кој може лошо да влијае и на децата и на родителите.
Зошто бебињата плачат? Децата во најраната фаза од животот го користат плачењето како начин за коминикација со околината и родителите. А плачот е најголемата причина за загриженоста затоа што родителите понекогаш не се сигурно што значи тој плач. Токму затоа родителите би требало што поскоро да научат како да комуницираат со своето новороденче за да тоа не плаче секој пат кога нешто ќе посака. Комуникацијата се гради постепено и со многу трпение.
Најважно е на плачот на детето да реагирате соодветно. Во првите месеци делувате инстинктивно, а потоа полесно одредувате што значи секој плач. Постојат многу ситуации во кои како родители не сте сигурни како да реагирате. Следен пат кога детето ќе заплаче, а вие сте зафатени со некоја работа, наместо да оставите се, обидете се само да му се насмевнете на малечкото. На тој начин всушност му велите дека се ќе биде во ред што е многу подобро отколку веднаш да го земете в раце.
Многу експерти не можат да се договорат околу тоа дали треба да реагирате веднашна плачењето или да го оставите некое време. Некои од нив се уверени дека најдобро е да го оставите детето да плаче со што би се научило детето дека не може постојано да бидепо негово. Од друга страна постојат и оние кои се повикуваат на резултатите од истражувањата според кои децата кои имале поголемо внимание од родителите станале посамостојни помалку плачливи.
Вие како родители секако треба да процените и да почувствувате како најдобро да постапите бидејќи тоа е сепак ваше дете и вие си го познавате најдобро.