Попладнево синдикатот на Клинички центар во изјава за еден македонски медиум, најави масовен протест доколку не добијат линеарно покачување на платите.
Протестот е закажан за в понеделник, но ќе му дадат простор за преговори на Министерството за здравство, па затоа собирот ќе го одложат за до среда, доколку дотогаш не постигнат договор за покачување на платите за 2.860 денари, посочуваат од синдикатот во својата изјава.
На протестот ќе му се приклучат медицинските сестри, администрацијата, лекарите и целиот медицински персонал.
Министерот за здравство, Беким Сали, синоќа одржа средба со Синдикатот на Клинички центар и Лекарската комора и се согласува да го поддржи синдикатот, но рече дека тој не ги одвојува финансиските средства.