Ракот на јајници е многу опасен и се смета за тивок убиец. Има потешкотии навреме да биде откриен со испитувања, па затоа треба да внимавате на здравјето и ако ги имате овие симптоми да одите на лекар.

Најчесто го има кај жени пред менопауза, но во последно време загрижува и бројот на жени со тумор на јајници од 30 до 40 години.

Ако имате постојана надуеност на стомакот, која трае повеќе од три седмици веднаш обратете се на лекар. Симптомите се исто така и ако имате болка во долниот дел на стомакот и карлицата која е константна.

Брзо чувство на ситост и губење на апетитот, како и често мокрење се главни симптоми кои не треба да ги занемарите никако.