Според податоците на Светската здравствена организација, откриен е најзаразниот сој на коронавирусот, кој со голема брзина се шири низ светот. Станува збор за сојот XББ. 1.5, познат и како „Кракен“, кој за прв пат се појавил во Њујорк и тоа на 22 октомври изминатава година, а е откриен уште во најмалку 29 земји, се вели во извештаите на светските медиуми.
Сојот XББ. 1.5 или попознат како „Кракен“ е всушност следбеник на сојот омикрон и е релативно понеопасен. Според истражувањата открено е дека кракен е спој на подсоеви БА. 2.10.1. и БА.2.75 и сочинуваат 75 проценти од случаите во најпогодените делови на САД.
Експертот од Мелбурн, Мајк Хани истакна дека во Велика Британија се регистрирани 28 случаи на кракен, од кои 24 во Англија, два во Велс и по еден во Северна Ирска и Шкотска. Водечките германски здравствени власти, пак деновиве изразија загриженост за новиот вид, а Германија досега пријавила само еден случај.
На здравствените работници во Велика Британија им е препорачано да носат маски, да работат од дома кога можат и да одржуваат социјална дистанца, со што се постои „ризик од колапс“ на британскиот здравствен систем, известуваат британските медиуми.