Најголемиот проблем во моментов е недостаток на медицински персонал и несоодветна инфраструктура, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на неговото телевизиско гостување во македонскиот етер.
– Инфраструктурата во здравството ни е со поминат рок. Ни се случија стратешки грешки, се стопираше градбата на клинички Мајка Тереза и се планираше некој мегаломански проект од кој нема ништо, а за оној неизградениот Мајка Тереза постои арбитражна постапка и засега побарувањето или пеналите кои треба да ги плати државава се 18 милиони евра, рече Николов.
Николов посочи дека и клиничкиот во Штип е незавршен и таму треба да се плаќа еден вид на пенали.
– Клиничкиот во Штип наликува на автопатот Кичево Охрид почната изградбата, но застаната. Зошто? Нема одговор и Владата не го повлекла одобрениот кредит и сега има побарувања или има загуби. Поточно неградењето на нов клинички во Штип и болница во Охрид носи само штета за не изградбата од околу 40 милиони евра, кажа Николов.
Според него сето ова нанесува големи штети на јавното здравство и сите заминуваат од истите.
– Персоналот или во приватното здравство или во странство. Не можам да се сетам за некаква капитална инвестиција во здравството, можам да се сетам само за донации, а се повеќе се бараат и донации за лекување, вели Николов.
Тема за актуелниот министер за здравство, укажа тој, е разрешување на медицински директори од кои бенефит имаат граѓаните. Од друга страна има и други небулози се најавува укинување на организациски директори во клиниките, а во меѓу време министерот назначува нови.
– Потоа тема беше паркинг на Клинички во Скопје, но и од тоа нема ништо. Или неинвестирањето во инфраструктурата не доведува во тешка состојба, посочи Николов.