Потребно е:

половина литар млеко
50 гр гриз
2 ванилин шеќер
2 лажици мелено семе од афион
1 мала лажица путер

За делот со јаболка:

2 јаболка
малку сок од лимон
1 лажица цимет
1 лажица листови од бадем
Шеќер (по избор)

Подготовка:

Измешајте го млекото со останатите состојки за гризот, па варете со постојано мешање додека не се згусне. Потоа тргнете го од оган и истурете го гризот во неколку чинии. Излупете ги јаболката и исечете ги на коцки. Се мешаат со останатите состојки за смесата со јаболката, па се варат додека не омекнат. Наредете ги јаболката над гризот и декорирајте по желба. Добар апетит!