Ако сакате да се одвикнете од белиот шеќер, а не можете да се откажете од слатките, имаме здрава варијанта за вас – бомбици кои се вистинска протеинска бомба. Овие слатки се идеални за сите оние кои постат или се придржуваат до вегански начин на исхрана.

Потребни состојки:

12 оризови галети
1 банана
5 урми
1/3 чаша путер од кикирики
50 грама стопено темно чоколадо

Начин на подготовка:

Во блендер ставете ги оризовите галети, бананата, урмите и путерот од кикирики. Мешајте додека состојките не се соединат во еднолична смеса. Од добиената смеса формирајте топчиња и оставете ги во замрзнувач околу 15 минути. Извадете ги од замрзнувачот и секое топче потопете го во стопеното чоколадо. Можете да ги послужите кога чоколадото ќе се стврдне.

На здравје!