Во текот на есента, мотивацијата за диети опаѓа, се подготвуваме за доаѓањето на ладното време и зимските услови, поради што многумина водат помалку сметка за исхраната, а килограмите се – „лепат“.

За да го спречите тоа или да се ослободите од вишокот килограми, обидете се да се придржувате до лесна диета со помош на која можете да загубите до три килограми, а притоа нема негативно да влијае на вашето здравје.

Оваа диета се базира на есенски намирници, па во чинијата треба да се најдат главно зеленчук и месо. Предноста на оваа диета е тоа што не мора да исфрлате ниедна група намирници, а ниту количината која ќе ја изедете не е ограничена.

Диетата трае седум дена, но тоа не значи дека не можете да продолжите со ваквиот режим на исхрана и понатаму.

Појадокот секој ден е ист, а се состои од грејпфрут, кафе или чај без шеќер, парче препечен леб или тост.

Прв ден
Ручек: Мешано месо, домат, кафе, лимонада без шеќер.
Вечера: Риба од конзерва или на жар, салата од свеж сезонски зеленчук, обарен зеленчук, тост, грејпфрут.

Втор ден
Ручек: Овошна салата, дозволени се сите видови овошје, не е важно дали суво или свежо.
Вечера: Ќебапи, домат, целер и маслинки.

Трет ден
Ручек: Туна салата со лимон
Вечера: Бифтек или некое друго месо на жар, сезонска салата.

Четврти ден
Ручек: Две сварени јајца, сирење
Вечера: Варено пилешко месо или пилешко месо на жар, свежа сезонска салата, тост.

Петти ден
Ручек: Сирење, обарен спанаќ, тост
Вечера: Риба од конзерва или на жар, мешана салата, обарено овошје, тост.

Шести ден
Ручек: Овошна салата
Вечера: Варено пилешко месо или пилешко месо на жар, свежа сезонска салата.

Седми ден
Ручек: Пилешко месо на жар или варено, обарен зеленчук, грејпфрут
Вечера: Месо на жар, краставица, целер, домат.