Портокалите, лимоните, лиметите и мандарините се цитруси, познати по својот карактеристичен киселкаст вкус. Исто така, богати се со витамин Ц, моќен антиоксидант кој го поддржува имунолошкиот систем и помага во апсорпцијата на железото. Иако се здрави, не е добро да се јадат по оброк. Диететичарката Екта Сингвал наведе некои од несаканите ефекти.
Влијание на варењето
Цитрусното овошје е кисело, а нивното консумирање веднаш по ручекот може да го наруши варењето кај некои луѓе. Киселоста може да доведе до непријатност, варење или кисеини во желудникот, особено кај оние кои се склони кон рефлукс на киселина.
Нивото на шеќер во крвта
Додека цитрусно овошје содржи природни шеќери, ниговото консумирање по ручек може да доведе до брзи скокови и последователни падови на нивоата на шеќерот во крвта. Ова може да придонесе за чувство на замор или желба за дополнителни закуски, навела Сингвал за „Хелт шутс“ (Health Shots).
Потенцијално дебелеење
Цитрусите, и покрај здравствените придобивки, содржат калории. Нивното прекумерно консумирање, особено по оброк, може да придонесе за надминување на калорискиот внес во однос на потрошувачката на енергијата, што потенцијално доведува до зголемување на телесната тежина, односно дебелеење.
Гастроинтестинални непријатности
Поединци може да доживеат гастроинтестинални непријатности, како што се надуеност или гасови, кога консумираат цитруси по оброк, особено ако имаат чувствителен дигестивен систем.
Интеракција со лекови
Цитрусното овошје може да стапи во интеракција со одредени лекови и да влијае на нивната апсорпција или делотворност. Консумирањето цитруси по ручек, без да се земат предвид можните несакани ефекти, може да влијае на дејството на лековите.