Американските филмови нè научија дека кога на жена ѝ се јадат кисели краставички, веројатно таа е бремена, но всушност, таа глад може да му се случи на секого.

Киселите краставички, односно течноста во која ферментираат, содржат голема количина пробиотици и електролити, а вашата потреба за нив може да значи дека имате некаков дисбаланс на електролитите во телото.

Во исто време, на вашето тело можеби му е потребна дополнителна хидратација, а краставичките се зеленчук кој содржи вода во големи количини.

Всушност, според повеќе студии, трудниците малку имаат апетит за кисели краставички, а многу повеќе им се јаде месо, јогурт, брза храна или десерт. Тајната во тоа зошто трудниците сакаат кисела и солена храна е што поради проширувањето на волуменот на нивното тело, тие имаат потреба од повеќе натриум, кој го надополнуваат не само преку кисели краставички, туку и со маслинки, чипс или пуканки.