Болката во градите најчесто исчезнува откако ќе добиете менструација, а доколку продолжи, консултирајте се со лекар.
Секоја жена барем еднаш искусила непријатно чувство или болка во градите пред менструација. Болката во градите, позната и како мастодинија, е вообичаен симптом кај многу жени непосредно пред месечниот циклус. Оваа состојба често се поврзува со хормоните, поточно со наглиот пораст на естрогенот и прогестеронот во телото во текот на циклусот. Естрогенот влијае на проширувањето на млечните канали на дојката, додека растот на прогестеронот го стимулира растот на млечните жлезди. Ова предизвикува осетливост и оток на градите.
Зголемувањето на густината на ткивото на дојката и промените во протокот на крв и лимфа, исто така, може да придонесат за чувство на болка или непријатност. Кај некои жени овие симптоми се благи и минливи, додека кај други се поизразени и можат значително да влијаат на секојдневниот живот.
Покрај хормоналните фактори, за зголемената болка во градите пред менструација може да придонесе и стресот, недостатокот на физичка активност или консумација на одредени супстанци како што се кофеинот и никотинот. Одржувањето на здравиот начин на живот, редовната физичка активност и соодветното справување со стресот може да помогне во ублажување на овие симптоми.
Важно е да се напомене дека, иако благата болка во градите често е нормална појава за време на менструалниот циклус, доколку жената доживее исклучително силна болка што влијае на нејзиното секојдневно функционирање, се препорачува да се консултира со лекар. Ова е особено важно за да се исклучат други можни причини за болка во градите, како што се инфекции или други здравствени проблеми.
Болката во дојките може да се олесни со носење удобен градник и редовно вежбање. Исто така, некои користат лекови против болки, но важно е да се консултирате со лекар пред да ги земете. Намалувањето на внесот на кофеин, сол и мрсна храна, како и земањео витамини Б6 и Е, исто така може да помогнат во ублажувањето на симптомите.
Извор: srecna.republika.rs