Кој вели дека диета значи дека не можете да јадете вкусни благо колачи? Да се подготви вкусен десерт без додаден рафиниран шеќер е прилично лесно ако знаете какви замени треба да барате.
Доколку сте на диета а ви се јаде нешто благо, овој рецепт е совршен за вас.
Состојки:
– 2 чаши рендан незасладен кокос
– ⅓ шолја овес
– 2 зрели банани
Подготовка:
Чекор 1 : Загрејте ја рерната на 180 C / 350 F.
Чекор 2: Изблендирајте ги кокосот и овесот. Во пастата додадете и излупени и исечени банани.
Чекор 3: Покријте ја тавата со мрсна хартија и со две лажици формирајте колачиња. Колачињата се печат 20 минути.
Чекор 4: Оставете ги колачињата да се изладат.