Камен со големина од 8 сантиметри е изваден од мочниот меур на повозрасен пациент во Македонија. Станува збор за најголемиот камен што бил изваден во Македонија во последниве 20-тина години.
Докторот Азим Муса од Универзитетската клиника за урологија „Мајка Тереза“, на својот Фејсбук профил сподели видео и фотографии од хируршката постапка за вадење на каменот, кој наликува на големо јајце.
„Каменот го извадивме од уринарен меур, околу 8cm. Ова е најголемиот во последните 20 години“ – напиша докторот над објавата на Фејсбук.
Инаку, се верува дека камењата во мочниот меур настануваат како последица на тоа што пациентот не е во можност целосно да го испразни и во него се задржува урина.
Често се јавува кај мажи кои имаат проблеми со зголемена простата, која го попречува слободниот проток на урината.
Ако урината стои подолго време во мочниот меур, хемикалиите се кристализираат и на тој начин настануваат камења.