За љубителите на вкусни сосови ова е полн погодок за вашето јадење.
Ви треба:
700 мл млеко
50 до 70 гр путер
50 гр брашно
сол и бибер по вкус
морско оревче
Подготовка:
Растопете го путерот на тивок оган, па кога ќе почне да крчка, додадете го брашното и почнете да мешате со жица за да не се формираат грутчиња.
Пропржете го брашното околу 2 минути, а потоа додадете сол и млеко.
Повторно измешајте и додадете бибер.
Додадете мускатно оревче во готовиот сос и продолжете да мешате.
Кога ќе го извадите од шпорет, почекајте да се олади и вкусете го за да видите дали треба да додадете сол или повеќе зачини.