Ако планирате да го исчистите вашето тело од акумулираните токсини и да го обновите, едноставно да добиете повеќе енергија и да се чувствувате подобро, овој пијалок е токму за вас.
Лимонадата е омилен летен пијалок за многумина, освежувачки е и многу вкусен, но кога ќе додадете активен јаглен во лимонадата, добивате совршен пијалок кој ќе го прероди вашиот организам. Токму заради активниот јаглен, овој пијалок има црна боја, додека вкусот останува непроменет.
Црната лимонада ќе го исчисти телото од токсините, ќе го исчисти црниот дроб и ќе го намали холестеролот. Помага при надуеност, гас и аерофагија (несвесно голтање на воздухот за време на оброците), па дури и при проблеми со кожата. Ја регулира работата на дигестивниот тракт и со тоа го забрзува метаболизмот, што доведува до губење на тежината.
Активниот јаглерод се добива со деструктивна дестилација на материјали од различни билки и кора од кокос и ги отстранува штетните материи и токсините од телото.
За да се подготви ви требаат:
Сок од половина лимон или лимета
Чаша минерална или кокосова вода
Половина лажичка активен јаглен
Начин на подготовка:
Во водата додајте го сокот од лимон и активен јаглен во прав. Добро измешајте и пијалокот е готов.
Пијалокот се пие еднаш неделно, не почесто од тоа.
Забелешка: Оваа лимонада може да го намали ефектот на лековите. Затоа, ако земате некои лекови, треба да обрнете внимание на двочасовниот интервал помеѓу земањето на лекот и пиењето на црна лимонада.