Магдоносот е неизбежен придружник на морковот во супите и чорбите, но тоа не е единствениот начин да го консумирате. Коренот од магдонос можете да го исечете на стапчиња и да уживате во грицкањето со омилениот сос или да го додадете во салати и сендвичи. Можете да го сварите на пареа, да го печете или динстате заедно со друг зеленчук и со месо. Варен или динстан и пасиран во пире одличен додаток со печено месо.

Витамин Ц

Можеби не е толку познато, но коренот од магдонос е богат со витамин Ц, па порција од 100 грама содржи 55 отсто од дневната потреба за овој витамин. Овој дел содржи и многу фолати (45 проценти од дневната потреба) и петтина од дневната потреба за влакна.