Знаете ли колку кафе е препорачано да пиете дневно? Иако од кафето има и здравствени придобивки, прекумерното внесување може да предизвика дебелеење, треперење на телото, па дури и да ви направи менструалниот циклус да ви задоцни, затоа што влијае врз хормоните.

Според препораките објавени на повеќе здравствени веб-сајтови, препорачаната дневна доза на кафе изнесува околу 400ml дневно, или околу 4 до 5 мали шолји, односно 2 големи. Но, што може да се случи кога претерувате па внесувате многу повеќе од оваа доза?

Иако од кафето има придобивки, познато е дека неумереното консумирање може негативно да се одрази врз организмот, како што се проблеми со несоница, а состојбата може значително да се влоши ако се обидувате да ги замените оброците со пијалакот.

Кои 3 необични симптоми може да ги почувствувате, а кои укажуваат дека е време да станете поумерени со пиењето кафе?

Дебелеење
Јасно е дека кафето може да предизвика дебелеење ако го консумирате со висококалорични додатоци, како шеќер, сирупи, млеко, а помалку познато е дека истиот проблем може да се јави и ако ги заменувате оброците со кафе.

Понекогаш кафето може да направи да се чувствуваме заситено и да го прескокнеме оброкот, но кога ефектот на кофеинот нагло ќе престане, желудникот е празен и следува првиот напад на глад. Многу е веројатно по ова да консумирате многу повеќе храна отколку што треба и да се прејадете, затоа што се чувствувате прегладнето.

Иако на краток период замената на оброк со кафе може да ви помогнете да ослабите, долгорочно најверојатно ќе се здебелите, затоа што во еден миг го лажете организмот дека сте сити, а во следниот се прејадувате.

Кризи
Кај луѓето кои пиеле неумерени количества кафе, кои се многу поголеми од препорачаната дневна доза, може да се јават знаци на апстиненцијална криза веднаш штом ќе се обидат да намалат со дневната доза.

Првите знаци на криза се: главоболка, намалено ниво на енергија, поспаност, а во некои покестремни случаи и депресија и симптоми што наликуваат на грип, како треска. Кај луѓето што чувствуваат вакви кризи се препорачува постепено намалување на внесот на кафе во организмот, заменување со други течности и пиење кафе без кофеин.

Промени во менструалниот циклус
Се верува дека кофеинот може да влијае врз нивото на хормоните во организмот и да предизвика промени во менструалниот циклус.

Прекумерното внесување кофеин може да предизвика доцнење на менструалниот циклус, да ги зголеми менструалните болки и да направи менструацијата да биде подолга и пообилна од вообичаено.