Тиквичките се супер вкусни за јадење, но тоа не им е единствената предност. Тиквичките имаат најмалку седум неверојатни здравствени бенфити.

Тие се нискокалорични, а содржат високо ниво на есенцијални нутритивни вредности. Од нив може да јадеме во текот на целата година. Доколку сакате да ја подобрите вашата исхрана и здравје, вклучете ги тиквичките во вашето секојдневно мени. Еве зошто.

1. Го намалуваат ризикот од рак

Содржат голм процент на влакна, фолна киселина и витамини А и Ц, но тие се и силни антиоксиданти кои ги уништувааат канцерогените клетки.

2. Можат да лекуваат астма

Се разбира тоа не значи дека не треба да одите на лекар, туку само да јадете тиквички. Но ако имате астма веројатно секој доктор ќе ви сугерира да ги вклучите тиквичките во исхраната во поголема доза, бидејќи ги решаваат респираторните проблеми.

3. Го намалуваат холестеролот

Не само што се добредојдени во секоја диета, туку тиквичките го намалуваат холестеролот и маснотиите во телото.

4. Превенираат од срчеви удари

Шака тиквички содржат околу 10 отсто од препорачаната дневна доза за магнезиум што помага во намалување на ризикот од инфаркти.

5. Го регулираат притисокот

Ако патите од хипертензија или висок крвен притисок, јадете тиквички редовно. Студиите покажуваат дека тиквичките можат да превенираат и артериосклероза која се предизвикува од висок крвен притисок.

6. Содржат бета каротин

Одличен извор се на бета-каротин кој се наоѓа во нивната кора, затоа не лупете ги тиквичките пред готвење за да бидете сигурни дека ги добивате сите бенефити од нив. Секако, не заборавајте убаво да ја измиете кората. Одлични се ако ги подготвите свежи во салата.

7. Немаат калории

Знаевте ли дека тиквичките содржат само околу 30 калории? Тоа ги прави супер зеленчук кој заситува, а кој не дебелее.