Според УХМР денеска во 4:06 часот почнала пролетта, а во исто време на Јужната хемисфера почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.
Студено утре, а преку ден ќе биде сончево со појава на мала облачност. Ова утрово го соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), посочувајќи дека минималната темперература ќе биде во интервал од 2 до 9 степени, а максималната од 11 до 19 степени.
Ќе дува и слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
„Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени“, велат од УХМР.
Инаку, според УХМР денеска во 4:06 часот почнала пролетта, а во исто време на Јужната хемисфера почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.
„На првиот ден од пролетта, Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов ќе трае 12 часа и 9 минути“, соопштија од УХМР.
Оттаму велат дека следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нулата, а дневните до петок ќе бидат во постепен пораст. На крајот на работната недела ќе има услови за појава на слаб повремен дожд. Дотогаш ќе продолжи да дува северен ветер.