Под директен притисок на министерката Мила Царовска, без одлука на Управниот Одбор на ЈУ Центар за социјална работа на Град Скопје бил распишан оглас за избор на директор во оваа институција која е под надлежност на Министерството за труд и социјална политика.
Согласноста за веќе обезбедени средства за објавување оглас, министерот Тевдовски и ја одобрил на Царовска на 03.05.2018 година и тоа на само месец и половина пред истекот на мандатот на В.Д. директорката на Центарот за социјална работа, иако во Законот за социјална заштита е дефинирано дека оглас се распишува 3 месеци пред истекот на мандат и тоа со веќе обезбедени финасиски средства од Министерството за финасии.
Од кабинетот на Царовска, издадената согласност од министерот Тевдовски ја испратиле преку електронска пошта како скениран документ на службената е-маил адреса на установата дури на 23.05.2018 година со назнака веднаш да се објави оглас, велат вработени во Центарот.
Членовите на Управниот одбор се спротивставиле на незаконитото работење на Царовска и едногласно на одржана седница на 30.05.2018 година донеле одлука веќе распишаниот оглас да биде поништен, а поништената одлука да биде објавена на ден 31.05.2018 година.
Објавување на оглас без одлука на Управен одбор во јавна установа за социјална заштита е во спротивност на позитивните законски прописи во државата и претставува злоупотреба на службената положба и овластувања според Кривичниот Законик.
Се да се види инспекторите од Државниот управен инспекторат на терен што ќе направат, како и Основното јавно обвинителство да утврди дали навистина има незаконити дејанија во работењето на министрите Царовска и Тевдовски и ако има да се види дали ќе сносат последици ќе одговараат пред законот како и сите други или пак ќе бидат заштитени како поларни мечки, само бидејќи се министри?