Клиниките ќе платат од сопствените буџети и здружено ќе учествуваат во набавка на нова компресоркса станица и промена на инсталацијата. По колапсот на хируршкиот блок кога со недели немаше операции на хирургија а и сега не работат со полн капацитет сите, решението е плаќање на околу 500 000 евра за да можат да функционираат нормално. 21 милиони денари даваат клиниките, 7 милиони заеднички служби од каде велат дека подготовката на тендерската документација е во завршна фаза. Реалниот рок е дека се ќе заврши за 6 месеци.
-Во петокот на 21.06.2024 година пристигна и последната согласност од ЈЗУ Универзитетски Клиники за вклучување во групна набавка и здружување на средства. На ден 26.06.2024 година закажана е седница на Управниот Одбор на која точка на дневен ред е донесување на Одлука за набавка на опрема, односно набавка на нова компресорска подстаница и набавка на нова мрежа. Подготовката на тендерската документација веќе е во завршна фаза, така што по донесување на Одлуката од страна на Управниот Одбор во најкус временски рок постапката ќе биде објавена на официјалната страна на ЕСЈН, ни одговорија од Заеднички служби.
Кога пред повеќе од еден месец беа затворени операционите сали поради проблем со компримираниот воздух, на два пати беа правени испитувања од германска фирма. Нивните извештаи покаже дека нема проблем во компресорската станица но предложија нејзнина замена поради старост. Но за смрдеата во хируршкиот блок на која реагираа вработените допрва ќе има хемиски анализи во акредитирана лабораторија, но за тоа се чека новата здравствена власт.
Хаосот на клинички ги извади на површина проблемите за кои не се реагирало и интервенирало навреме а цехот го платија пациенти кои наместо добивање на здравствена услуга им беа прологирани и одложени операции.