Според некои верувања, не е сеедно дали парите во вашиот паричник се уредно наместени или пак се згужвани и само нафрлани внатре. Несредениот паричник го блокира протокот на позитивна енергија, а самото тоа доведува до проблеми со вашите финансии.
Затоа доколку сакате да привлечете пари во вашиот паричник секогаш паричникот нека ви биде среден.
Според истите верувања во новчаникот немојте да чувате сметки па дури ни оние платените затоа што тие привлекуваат негативна енергија. ВО новчаникот чувајте само пари и картички, се останато с(сметки, висит карти итн) носете на друго место посебно. Најважното во ова правило е доколку сте во можност во паричникот секогаш чувајте повеќе пари отколку што ви требаат. Тоа допринесува до подобро чувтство и ве предизвикува повеќе да се посветите на финансиите.
Покрај тие правила постои уште еден мал детал, а тоа е дали паричникот сте го купиле сами или пак сте го добиле како поклон. Препораката е сами да го изберете паричникот затоа што на тој начин повеќе ќе го сакате и ќе го средувате.