На многумина им е тешко да спијат ноќе за време на оваа неподнослива жештина, па се обидуваат да се оладат така што ќе ја остават климата вклучена цела ноќ. Можеби тоа не е најдобрата идеја.
Експертите предупредуваат дека би можеле да се разбудите со вкочанети мускули ако спиете со вклучена клима бидејќи е многу важно да ја прилагодите температурата така што разликата помеѓу внатре и надвор да не надминува неколку степени, најмногу до осум.
Тие препорачуваат да ги разладите собите пред спиење. Користете клима уред во друга просторија или разладете ја спалната соба ако има клима, па исклучете ја пред спиење.
Доколку климата е во просторијата каде што спиете, исклучете ја преку ноќ, но ако е во друга просторија, оставете ја вратата од спалната соба отворена и ладниот воздух нека стигне до спалната соба.