Турбините нa ветер се извор на чиста, обновлива енергија, но луѓето што живеат во нивна близина велат дeка тие испуштаат монотони, чујни и получујни звуци кои се напорни и негативно влијаат врз квалитетот на нивниот живот.

Група научници од универзитетите „Торонто“ и „Рембол“ покренале истражување за влијанието на турбините врз здравјето на луѓето што живеат на оддалеченост од 600 метри до 10 километри. Канада собирала податоци од мај до септември 2013 година, а тие неодамна повторно биле анализирани.

Резултатите од новата анализа ги потврдиле оние од пред 5 години

  • Студијата Community Noise and Health направила корисна база на податоци за проучување на односот помеѓу човековото здравје и изложеноста на ветроагрегати, велат авторите на студијата. Резултатите од новата анализа се објавени во списанието Journal of the Acoustical Society of America. Новата процена ги потврди резултатите добиени пред пет години.

Жителите што живеат поблиску до турбините се изложени на бучава од 40 до 46 децибели и пријавиле поголеми пречки во споредба со оние што живеат на места каде што бучавата е под 25 децибели, што било сосема очекувано. Студијата не утврдила директна врска меѓу оддалеченоста на жителите од турбините и нарушувањата во сонот, крвниот притисок или стресот.

Луѓето изложени на бучава од околу 40 децибели пријавиле поголеми пречки

Новото истражување покажало дека жителите што живеат поблиску до турбините пониско го оценуваат квалитетот на животот во својата околина. Истражувањето не може да разликува дали испитаниците и пред поставувањето на турбините биле незадоволни од еколошкиот квалитет на животот. Исто така, испитаниците што одлучиле да учествуваат во истражувањето можеби имаат поинакви ставови и искуства од жителите што не учествувале во студијата.

  • Најновата студија не нашла експлицитен доказ дека изложеноста на турбини на ветер влијае врз човековото здравје, но во иднина би требало да се мери перцепцијата и загриженоста на жителите пред и по поставувањето на турбините, што би помогнало во разрешувањето на влијанието на турбините врз квалитетот на животот, ако навистина постои, заклучуваат авторите на студијата.