Потребно е:

300 гр свежо нане
5-6 лажици шеќер
3 кесички сок од лимон
3 литри вода
3 кг шеќер

Подготовка:

Нането измијте го со ладна вода, а потоа ситно исечкајте го со ножици. Потоа измешајте го со шеќерот и сокот од лимон и убаво изгмечете го со раце. Истурете 3 литри вода и оставете да отстои 24 часа. Процедете, па истурете ја течноста во друг сад. Додадете шеќер и измешајте сè додека не се раствори добро. Оставете да отстои 24 часа и мешајте на секои 4-5 часа. Потоа се цеди во голем сад. Истурете вода и сè добро измешајте. Истурете го сокот во стаклени шишиња и затворете го со капаче.