Професорот Дохчев објаснува дека оваа вакцина е многу важна кај оперираните пациенти кои имаат рецидив или повторено враќање на тумор на мочниот меур. Вакцината дава локален имунитет и се користи 30 години во начинот на лекување.
„Често се бориме со карциномот на мочен меур со БСГ вакцина, таа и истата вакцина само многу појачана во огромни колични дози и се користат живи бактерии на туберкулоза, но ослабени не патогени да не предизвикаат болест. Ова се нарекува имуно терапија со цел да се зголемува локланиот имун одговор.“-Проф. Др Сашо Дохчев Клиника за урологија
Уролозите велат дека целиот процес на лекување чини околу две илјади евра и се дава по одредена шема определена од страна на доктор. Уролозите ќе поднесат и писмено барање до министерството за здравство овој лек се стави на позитивна листа.
„Драго ми е ако министерот има слух и може да не разбере да се стави на позитивна листа зошто овој лек е многу скап. И овој лек кончено да се стави на позитивна листа навистина предизвикува големи трошоци кај граѓаните“, изјави Дохчев.
Инаку од утре во аптеките ќе се издаваат новите лекови кои беа ставени на позитивната листа на лекови. На новата листа опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, лекови за третман на депресија, како и за деменција.