Амбуланта за васкуларна хирургија од денеска официјално е отворена во Клиничка болница-Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев денеска изјави дека во текот на вчерашниот ден е потпишан договорот со Универзитетската клиника за Тораковасуларна хирургија и Клиничка болница, со што доктор специјалист по васкуларна хирургија ќе врши прегледи во штипската болница. Пациентите ќе имаат можност да закажуваат термини преку „Мој термин“ и соодветно да бидат прегледани од васкуларниот хирург, Мишел Андов.

  • Вчера и официјално беше завршен договорот меѓу Универзитетската клиника Тораковаскуларна хирургија и Клиничка болница Штип. Доктори од таму ќе доаѓаат и ќе вршат преледи во прв чекор и во Кличничка болница- Штип. На „Мој термин“ ќе се отвори и амбуланта и ќе има термини за прегледи од васкуларен хирург. Колку пати месечно ќе доаѓа и колку долго дополнително ќе биде договорено, вели Захариев.

Претходно, како што додаде, сите пациенти кои имаа проблеми со запушени вени и слично беа праќани за Скопје, бидејќи во Клиничка болница Штип, немаше васкуларен хирург.

  • Ова се воведува за прв пат со цел да им се излезе во пресрет на пациентите од Штип и регионот, да не мора за преглед да трошат пари и време до Скопје. Васкуларната хирургија претставува посебна област од хирургијата која ги третира васкуларните заболувања, односно хируршките болести на крвните садови, артериите и вените. Во зависност од кој дел е зафатен соодветна ќе биде и клиничката манифестација на заболувањето. Ова за штипската Клиника болница е од големо значење, потенцира директорот Захариев.