Животниот век на жените во Македонија изнесува 77,5 години и тоа е најниско очекувано траење на животот на женската популација ако се спореди со земјите од Европаката Унија.
Така на ниво на целата Унија просекот изнесува 83,6 години, додека има земји каде очекуваното траење на животот изнесува и над 85 години. Такви се Луксембург и Франција, пишува Фактор.
Податоците се од публикација на Државниот завод за статистика во која дел од бројките се споредуваат и со тие од Европската Унија.
Ако се анализираат податоците за мажите ситуацијата не посјајна, иако сепак во овој случај има неколку земји каде очекуваното живеење на машката популација е пократко од случајот во Македонија. Така во земјава животниот век на мажите во 2016 година изнесувал 73,4 години. Во Бугарија изнесува 71,3 години, додека во Латвија и Литванија границата е дури под 70 години односно изнесува околу 69 години. Помал од мажите во Македонија е животниот век на Унгарците. Просекот во Европската Унија изнесува 78,2 години.
Инаку и за мажите и за жените границата на очекувано траење на животот во земјава се зголемува по години, ама бавно.