Утврдено е дека земањето на некои од петте групи антибиотици, сулфонамид, цефалоспорин, флуорокинолон, нитрофурантоин/метенамин и пеницилин, во изминатите три до 12 месеци биле поврзани со зголемен ризик од појава на камен во бубрезите.

Зголемувањето на ризикот се движи во распон од 27 отсто поголем изглед кај пеницилинот до повеќе од двократно поголем ризик по земањето на сулфонамид.

„Антибиотиците спасија милиони животи и потребни се за спречување на смрт и сериозни последици од инфекции, а нивната корист ја надминува можноста од штетни последици“, напоменува раководителот на студијата др. Грегори Тасијан од детската болница во Филаделфија.

Тој истакна дека резултатите од научната студија не сугерираат дека антибиотиците не треба да се препишуваат кога тоа е потребно.