Звучи потполно неверојатно, но многу е важно која крвна група ја имате и од неа зависи вашето здравје кога одите на патување. Една од нив е помалку отпорна и со неа имате поголеми шанси за да се разболите за време на патување.

Се работи за крвната група А, а до ваков податок е дојдено после истражувањата кои беа направени од страна на стручњаците од Универзитетот во Вашингтон. Тие ја истражувале поврзаноста откако заклучиле дека навистина постои таква причинско-последична врска.

Студијата, на крајот се покажа како неповолна за оние кои имаат крвна група А бидејќи тие имаат поголеми шанси да е разболат во текот на патувањето, особено при патување на море.

Истражувањето покажало дека тие, особено во периодот на детството, се подложни на потешки стомачни инфекции во однос на припадниците на другите крвни групи.

Анализите на крвта покаже дека овој проблем го предизвикува бактеријата ешерихија коли, а таа напаѓа кога имунитетот е слаб, што е карактеристично за личностите со А-крвна група. Поради тоа научниците советуваат пред патот да се засили имунитетот и така да се обидат да го предупредат стомачниот вирус, за одморот да не им пропадне. Препораката е и за посебно внимание на храната и да се пие исклучиво флаширана вода.