За околу 10% поскапува цената на водата и таксата за канализација во Битола. Точката за поскапувањето се најде во битолскиот совет, а опозицијата обвини дека мнозинството сака на мала врата да ги протне одлуките за поскапувањето на цените на Јавните претпријатија Водовод и Нискоградба. Според опозицијата, секој денар плус е удар врз џебот на граѓаните.
- Гледаме дека со овие одлуки граѓаните ќе плаќаат 1.800 денари до 2020 година повеќе на годишно ниво од она што го плаќаат сега за услугите на овие претпрјатија. Паралелно во истите овие претпријатија течат вработувања на блиски роднини и пријатели на актуелната локална власт во Битола, едноставно граѓаните ќе го финансираат непотизмот на локалната власт во Битола, изјави Иванчо Тошевски, советник од ВМРО ДПМНЕ.
Директорот на ЈП Водовод вели дека во јануари заради финансиските извештаи предложиле цена за покачување на цената која беше повисока од сегашната, цената на водата требаше да се покачи за 3,8 денари на метар кубен, а сега поскапувањето е за 2,5 денари.
- Денес до Советот е дадена цена која е повисока за 10% повисока од моменталната, а претходната беше за 15,5%, што е успех на работењето на претпријатието. Ова покаќување на цената на видата е исто така и на барање на Регулаторна. Имаме и препорака од Европската Унија која налага да ја прифатат цената на Регулаторната комисија, изјави Горан Козаров, директор на ЈП Водовод.
Од јавните пртпријатија дополнуваат Точката за поскапувањето на водата и таксата за канализација беше изгласана во битолскиот совет со 16 гласа за и 9 против.