Денеска е многу тешко да се пронајде овошје и зеленчук кое не е третирано со разни пестициди и инсектициди за да биде поотпорно, поубаво и поголемо, меѓутоа токму тие додатоци во одржувањето имаат штетно влијание врз човековото здравје.
Истражување кое го спроведе Министерството за земјоделство во САД во соработка со Управата за храна и лекови, покажа дека авокадото е овошје на кое не се забележани речиси никакви трагови на пестициди.
Од друга страна, продукти со најголема содржина на пестициди се: Јагоди, јаболка, грозје, вишни, цреши, круши, пиперки, целер и компир. Од сите овие намирници најтешко се отстрануваат пестицидите од јаболката.
Меѓутоа, ниту кај другите видови на храна не можете да се ослободите 100 проценти од сите пестициди, без разлика на тоа како го миете овошјето или зеленчукот, но преку различни методи можете да отстраните 75 отсто од овие штетни хемиски додатоци.
Како да се заштитите од пестицидите?
Најдобра опција е да јадете овошје и зеленчук кое сами го одгледувате на еколошки начин. Сепак, бидејќи многумина тоа едноставно не можат да го направат, купувајте овошје и зеленчук кое има сертификат.
Ако ниту тоа не е возможно, купувајте овошје и зеленчук од луѓе кои ги познавате, а имаат своја плантажа. Ако купите овошје и зеленчук за кои не сте сигурни колку се прскани, детално измијте ги продуктите под силен млаз на млака вода.
Еден од поефикасните начини е да направите сопствен спреј за отстранување на пестициди.
Потребни состојки:
- 1 лажичка сок од лимон
- 2 лажички сода бикарбона
- Чашка вода
Подоготовка и употреба:
Во чашката со вода додадете ја едната лажица лимон и двете лажички сода бикарбона. Добро измешајте ја смесата и префрлете ја во шише за спреј.
Испрскајте ги овошјето и зеленчук и оставете ги така околу петнаесет минути. Потоа, добро измијте ја храната и јадете.