Откриени се бели крвни клетки кои создаваат имунитет на Ковид-19

Иако антителата се единствен начин да се добие имунитет, сепак во организмот на човекот откриени се тип на бели крвни клетки кои можат да бидат поважни и од антителата. Станува…

Иако антителата се единствен начин да се добие имунитет, сепак во организмот на човекот откриени се тип на бели крвни клетки кои можат да бидат поважни и од антителата. Станува збор за Т-клетки за кои научниците од колеџот „Кингс“ во Лондон дошле до податоци дека се специјално адаптирани за откривање протеини на површината на коронавирусот САРС-КоВ-2.

Т-клетките се вид на имунолошка клетка чија главна цел е да ги идентификуваат и убиваат инвазивните патогени или заразени клетки. Тие го прават ова со употреба на протеини на нивната површина, кои можат да се врзат за протеини на површината на штетни патогени кои влегле во телото. Бидејќи Т-клетките можат да останат во крвта со години по инфекцијата, тие исто така придонесуваат за долгорочна меморија на имунолошкиот систем и му овозможуваат да реагира побрзо и поефикасно кога е изложено на стар непријател.

Неколку студии покажаа дека луѓето заразени со коронавирус имаат тенденција да имаат Т-клетки кои можат да го насочат вирусот, без оглед на тоа дали претходно ги искусиле неговите симптоми. Исто така, се покажа дека некои луѓе кои веќе го прележале ковидот биле негативни на серолошкиот тест за антитела и позитивни на тестот за Т-клетки кои можат да го идентификуваат вирусот.

Во случајот со ковид-19, многу е јасно дека постои имунолошки одговор на Т-клетките. Една теорија е дека Т-клетките се пренасочуваат онаму каде се најпотребни – на пример, ако болеста отиде во белите дробови, Т-клетките се активираат во одбрана.

Фактот дека коронавирусите можат да доведат до трајни Т-клетки е она што неодамна ги инспирираше научниците да проверат стари примероци од крв земени од луѓето помеѓу 2015 и 2018 година за да видат дали можат да препознаат ковид. Ова се случи и доведе до сознание дека нивниот имунолошки систем научил да го препознае вирусот корона САРС-КоВ-2 затоа што во минатото наишол на вируси со слични површински протеини.

Дешифрирањето на важноста на Т-клетките не е само прашање на академска љубопитност, но ова знаење може да се искористи и за да се направи вистинска вакцина и лекување на пациенти.


Related Articles