Пред годишните одмори многу луѓе се одлучуваат за брзи диети, со цел за краток временски период да загубат што е можно повеќе килограми, за подобро да изгледаат во костимите за капење.
Недостатокот на самодоверба кога е телото во прашање е голем проблем, но брзото слабеење е опасно и може сериозно да го наруши здравјето.
Во прилог прочитајте за опасните ефекти кои ги имаат ваквите диети за брзо слабеење на вашето тело:
1. Можат да го забават метаболизмот
Брзиот метаболизам е клучен за губење на килограми, но брза диета може само да го забави.
2. Можат да го ослабат вашиот имунитет
„Кога на организмот му ги скратувате потребните витамини и минерали, вие ризикувате да се соочите со послаб имунитет“
„Ако ја исфрлите целата масна храна од исхраната, телото нема да може да добива доволно А, Д, Е и К витамини, а тоа може да предизвика сериозни проблеми. Тие витамини се потребни, бидејќи го зајакнуваат имунитетот, а нивниот недостаток предизвикува проблеми во иднина“
3. Можат да предизвикаат дехидрација
Веројатно сте забележале дека со некои диети многу бргу доаѓа до намалување на телесната тежина. Причина за тоа е губењето на вода од телото, меѓутоа тоа на долги стази воопшто не е добро.
Дехидрацијата може да предизвика главоболка и вртоглавица.
4. Можат да бидат причина за проблеми со срцето
Брзите диети имаат некои позитивни ефекти врз намалувањето на холестеролот и шеќерот во крвта, но исто така, тие можат да бидат и опасни за срцето.
„Сит кои имаат проблеми со срцето, потребно е да се консултираат со доктор пред да се одлучат за диета со која бргу ќе загубат килограми, бидејќи проблемите со срцето можат да се појават уште на самиот почеток со диетата“
5. Можат да создадат проблеми при работата на цревата
Брзите диети можат да предизвикаат пореметување во работата на цревата. Имено, ако не внесувате доволно хранливи материи, тоа може да резултира со нередовно празнење на цревата.
6. Можат да ве направат исцрпени
„Брзите диети водат кон нагло губење на килограми, а многу од нив го редуцираат гликогенот и резервите со вода поради што телото губи енергија, а вие се чувствувате уморно“
7. Можат да ве направат нервозни
Брзите диети можат да бидат причина за ослободување на хормон кој предизвикува зголемено ниво на стрес, нервоза и евентуален развој на депресија. Возможно е да почувствувате и недостаток на концентрација, како и пореметување во спиењето, што доведува до замор.