Лекарите препорачуваат да консумирате топла вода наутро. Оладената вода е лишена од многу минерали, заради што негативно влијае на организмот посебно ако се пие во текот на оброкот.

Кога зборуваме за топла вода, мислиме на вода на собна температура, која не е чувана во фрижидер.

Можеби прво нема да ви биде вкусна, но топлата вода ви носи многу здравствени придобивки:

1. Го подобрува варењето

Чаша топла вода наутро му помага на телото да се исчисти од токсините. Водата помага и да се разгради храната на правилен начин, а топлата вода го прави тоа двојно побрзо.

2. Ги ублажува болките

Топлата вода помага и кај менструалните болки. Топлината ги смирува болките во мускулите и ги олеснува грчевите.

3. Помага при слабеење

Топлата вода ја подигнува температурата на телото, што понатаму го забрзува метаболизмот и согорува повеќе калории.

4. Го забавува стареењето

Топлата вода со самото тоа што го чисти организмот, го одржува подолго млад. Тоа ги обновува клетките на кожата и ја зголемува нејзината еластичност.