Деновите за време на менструалниот циклус за многу жени се тешки. Се соочуваат со болки во долниот предел на стомакот, но многу често овие болки можат да се рашират во долниот дел на грбот, препоните или бутовите.

Постојат многу различни таблети за да се ослободите од менструални болки, но никогаш не треба да претеруваме со нивното консумирање.

Затоа издвоивме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од менструалните болки во домашни услови:
Вежбајте

Иако можеби вежбањето е последното нешто што би го правеле додека трае циклусот, тоа многу придонесува за да се ослободите од болките.

Доколку не сте во состојба за кардио, една сесија јога, пешачење или пак само да се истегнете е во ред.

Чај од камилица

Чајот од камилица помага да се ослободите од грчевите за време на менструалниот циклус. Тој ги инхибира простагландините кои предизвикуват болка, а со самото тоа го засилува менструалниот проток со што телото се ослободува од симптомите.

Пијте многу вода

Имајте навика да пиете околу 8 чаши вода на ден додека трае циклусот. Пиењето вода го намалува чувството на подуеност. Исто така имајте навика да избегнувате алкохол или било какви други пијалаци што содржат шеќери.

Топол туш

Топлината овозможува да се ослободите од болките во пределот на стомакот. Доколку се чувствувате напнато можете наместо туш да се релаксирате и во топла купка. Топлата купка ќе ви овозможи да ги опуштите напнатите мускули и да ја смирите болката.

Не претерувајте со кафето

Кафето е најлошата одлука по која може да посегнете додека ви трае менструалниот циклус. И не само кафето туку сите намирници кои содржат кофеин, како на пример чоколадото, енергетските пијалаци, газираните сокови и слично.

Магнезиум

Магнезиумот му е потребен на вашето тело за правилна функција на мускулите и нервите, за регулирањето на крвниот притисок и за контрола на шеќерот во крвта. Затоа, магнезиумот ги ублажува менструалните болки, а особено кога се зема заедно со витамин Б.