Менструалните болки се посилни од болките од срцев напад, тврди еден научник.
– Мажите не ја сфаќаат болката и досега не беше обрнато доволно внимание – изјави Џон Гилбод, професор по репродуктивно здравје на Универзитетот во Лондон.
Многу жени од тие што страдаат од силни менструални болки се помируваат со тоа дека нема што да направат, освен да се напијат апче против болка, да си легнат со термофор и да се молат болките да поминат.
– Мислам дека тоа е нешто на кое треба да му се обрне внимание колку и на сè друго во медицината – вели докторот.
Докторите во случаите со најсилни болки препорачуваат и хормонска терапија, но тоа е сè што може да се направи.